Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски најавува дека ќе ги извести сите меѓународни институции, амбасади и претседателот на Собранието Џафери за пресудата на кумановсиот основен суд за изречена клевета и навреда од собраниската говорница кон неговиот колега од СДСМ Мартин Костовски. Петрушевски вели дека ќе покрене постапка за одговорност и пред Судскиот совет за судијата Неџат Мемети кој ја донесе пресудата со која го задолжи да му исплати 2500 евра плус камата на Костовски. Петрушевски реагира дека за прв пат во историјата на плурализмот во Македонија утврдена е одговорност кај пратеник за искажан став од собраниската говорница. Тој вели дека имунитетот му е загарантиран со Уставот, Законот за пратеници и законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.
-Уставот е носен во време кога навреда и клеватеа била кривична одгооврност, тоа е уредено во законот за пратнеци,каде е наведено дека пратеникот не смее кривично да одговара, во самиот закон има исто така исклуч ок, тоа што се наведува од судијата во образложениетр јас не видов повиквуање на членови туку си наведува фактички, наведува душевна болка, анксиозност, ќе мора да се косултирате со правниците, но јас не видов дека се повикува на некакви членови, закони, но видов експлицитно дека сум сторил клевета и навреда од собраниска говорница што е спротивно на уставот и меѓународните конвенции, изјави Бране Петрушевски – пратеник на ВМРО ДПМНЕ.
Според пресудата, утврдена е одговорност кај Петрушевски затоа што во февруари годинава од собраниската говорница меѓудругото го обвинил Костовски дека зел канадски пасош за да се спаси од затвор, по објавувањето на закон без потпис и указ од претседателот на државата, додека бил директор на Служебн весник. За правниците, скандалозна е судската одлука бидејќи станува збор за искажан став од собраниската говорница.






