Повеќе од 26 милиони Американци останаа без работа

Само во изминатите седум дена, повеќе од 4,4 милиони луѓе во САД ги загубија своите работни места, со што бројот на Американци кои останаа без работа надмина 26 милиони луѓе.



Дури 22 милиони од нив веќе побарале помош од државата.

Ова е најголем пад на пазарот на трудот во САД по големата економска криза од 1930-тите.

Беа потребни цели 11 години да се создадат 22 милиони нови работни места што сега за само еден месец се – збришани.

Сенатот одобри пакет од 484 милијарди долари за малите бизниси, истото се очекува и од Претставничкиот дом, со што вкупната финансиска помош за економијата и граѓаните ќе достигне скоро 3.000 милијарди американски долари.