Поголемиот број од нив, дури 65 отсто, во изминатиот период останале без работа, затоа што работат во земјоделството, градежништвото и услужниот сектор се дејности кои не функционираат со работа од дома, покажало истражувањето на Аналитика.
Како што пренесува Фактор, тие немаат платени придонеси, здравствено осигурување, најчесто земаат ниски плати.
Истражувањето покажува дека 75 отсто од неформално вработените не искористиле ниту една владима мерка.
Според министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на ранливите категории им се помогна со зголемен опфатот на лица кои земаат гарантирана минимална помош. Во системот за една година се запишани нови 6.500 лица.







