Повеќе новинари се пријавија за уривање на дивоградбата во Мавровка

Повеќе новинари вечерва се пријавија да ја уриваат зградата дивоградба кај трговскиот центра Мавровка!



На повикот на екс уредникот на Телма Дарко Чекеровски кој прв се понуди да ја урива дивоградбата кога веќе институциите не можат, се пријавија и повеќе други новинари.

По Чекеровски за уривање се пријавија и Огнен Чанчаревиќ, Томислав Кежаровски, екс претседателот на ЗНМ Насер Селмани а помош понуди и Наташа Стојановска

Предходно истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата по кои општината Чаир објави тендер за избор на фима која ќе ја отстрани истата.

Според официјалните информации од општина Чаир ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење што предизвика гнев и реакции на социјалните мрежи по што новинарите почнаа доброволно да се пријавуваат за рушење на дивоградбата.

“Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка”, напиша Чекеровски на Фејсбук по што тргна лавината.

“Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта”, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

Само неколку часа предходно лидерот на СДСМ напиша дека нема проблеми во спроведувањето на законите во урбанизмот односно дека се запрени непланските градби.

При „жива и здрава“ дивоградба кај „Мавровка“, Заев вели дека е запрено непланското градење?!