Советот на Европа потврди дека владата на Македонија побарала мислење од венецијанскаа комисија за Законот за употреба на јазиците.



Но, од Секретаријатот на Венецијанската комисија во Стразбур, не коментираат ништо пред тој да биде разгледан од експертите кои треба да го изработат мислењето, дознава дописникот на МИА.

Нема коментар ни на тврдењето на професорката Тања  Каракамишева според која „Венецијанската комисија испратила писмо до Кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и до премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека н е дозволен владин притисок од каков бил вид врз национален претставник во телото“ пренесува МИА.