Сите 176 патници и членови на екипажот загинаа во авионска несреќа што утрово се случи во близина на аеродроомот „Имам Хомеини“ кај Техеран, потврдија иранските власти.

Авионот е од типот „Боинг 737-800 кој требало да лета на линија Техеран-Киев се урнал неколку минути по полетувањето.

Според изјавата на портпаролот на иранското Министерство за транспорт Касем Бињаз, што ја објави државната новинска агенција ИРНА, еден од моторите бил зафатен со пламен, по што пилотите изгубиле контрола над авионот.

Во авионот имало 167 патници и деветчлен екипаж.





