Потврдено: И вториот правосуден закон е „фалц“

Пратеникот Илија Димовски открива дека и при гласањето на вториот правосуден закон денеска во Собранието е направен груб законски превид.



Пропуштено е да законот за советот на јавните обвинители да се гласа со Бадинтер.

“И вториот закон, оној Закон за советот на ЈО не е донесен…

Талат Џафери најави (што се гледа на снимките) дека овој закон се носи и со БАДИНТЕРОВО мнозинство…

Но во духот на хаосот заборави (намерно или не) да го стави на гласање по Бадинтер… (тоа се гледа од листинзите и од видеото од самата седница…

Според Уставот на Република Македонија, и овој Закон не е донесен…”, пишува Димовски откако се распушти Парламентот.

Доколку на СДСМ и ДУИ им текнеше на овој пропуст пред распуштање на Собранието тие ќе можеа да ја исправат грешката.

Сега целата процедура ќе мора да биде повторена од идниот состав на Собранието.