Потврдена ударна вест на expres.mk: Јовески чека да стане Уставен судија

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска ја потврди веста што вчера ја објави expres.mk за неговата професионалната иднина.



Јовески денеска потврдува дека е можно да го засили Уставниот суд, односно да го пополни едно од трите испразнети места. Тој за “Фокус” потврди дека доколку пратениците го предложат, тогаш ќе ја прифати функцијата уставен судија.

“Одлуката ја носат пратениците. Доколку нивен став е дека можам да придонесам со работното искуство во оваа значајна институција, ќе прифатам” изјавил Јовески за весникот.

Обвинителот објаснил дека тој може да стане уставен судија без да поднесе документи за позицијата затоа што
испразнетите места во Уставниот суд сега се на предлог на Комисијата за избори и именувања во Собранието.

Expres.mk вчера екслузивно објави дека Јовески може да биде награден од власта за својата работа како државен јавен обвинител

Повеќе детали во текстот

Заминува ли државниот јавен обвинител Јовески на нова врвна функција?