Додека стотици граѓани со месеци не можат да ги добијат лековите без кои не можат да живеат и можат да умрат сопруга на актуелен министер се вработила во државна институција пред нова година.
Улка Каба Бектеши сопруга на министерот за економија од ДУИ Крешник Бектеши се вработила во Агенцијата за остварување на правата на заедниците која што е тело под директни ингеренции на владата каде што Бектеши е министер.
Улка Каба Бектеши е вработена како Виш соработник за изработка на проекти во секторот за изработка на проекти и комуникација со невладини организации.
Сопругата на министерот Бектеши е вработена откако претходно согласност за платата дал министерот за финансии Фатмир Бесими кој е сопартиец на Бектеши од ДУИ.
Документот за вработувањето на сопругата на министерот за економија:


По вчерашната информација на expres.mk за можниот случај на корупција и непотизам член на Антикорупциската комисија најави дека за сопругата на Бектеши може да расправа и ова тело кое се занимава со најакутната болест на македонското општество.
Ако министерот Бектеши тврди дека економијата е во добар правец и расте логично ќе беше неговата сопруга да се вработи во приватниот сектор затоа што вака тој испраќа порака дека знае дека приватниот бизнис е пред колапс па ја сместува сопругата на државни јасли, вели изворот на expres.mk во владата кој вчера брифираше за случајот а кој не се согласува со ваква злоупотреба на власта.
Вработувањето на Улка Каба Бектеши се случува на неколку дена пред нова година со цел во предновогодишната атмосфера да се скрие скандалот во кој сопругата на министерот за економија добива државна плата затоа што не може да најде работа во реалната економија за која Бектеши вели дека цвета.
Пред околу две години и сестрата на Бектеши се вработи во државна фирма но тогаш министерот тврдеше дека тој не интервенирал.
Дали сега и тој ќе тврди дека не знаел за вработувањето на својата сопруга и ќе тргне по умот на премиерот Ковачевски кој тврди дека не знаел дека неговата сопруга инвестирала во фотоволтаици.
На потег е вицепремиерката Славица Грковска да каже дали вработување на сопруга на министер во владина институција е добро владеење.
Според нејзиниот молк за досегашните прекршувања на етичкиот кодекс на владата од страна на функционери на ДУИ таа нема да има храброст да поведе постапка против мочниот Бектеши како што молчеше и за Груби и Буши кога со владини возила отидоа на партиски состанок на ДУИ.
Среќа и радост во домот на министерот Бектеши, сопругата се вработила во владина институција






