Стотина минути откако вчера expres.mk објави дека Владата ја предложила министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија таа ја потврди одлуката која 24 часа се криела од јавноста.
„Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација…“, напиша Дескоска на Фејсбук откако expres.mk ја објави владината одлука која не беше објавена во соопштението од седницата на Владата.
Дескоска не открива зошто Владата не ја објави нејзината номинација веднаш по завршување на седницата.
И покрај тврдењето на министерката дека има и други министри крајно невообичаено е активен член на влада да биде номиниран за Венецијанска кимисија.
Во најголем дел од случаите државите предлагаат независни експерти а не членови на влада.





