Потресен ФБ статус на пријателка на загинатата Фросина Цековска

„Се сеќавам на првото судење, кога сеуште не знаев ни како изгледаш, се молев пред судницата да не си си ти оној кој ќе седне на обвинетото столче, гледајќи те претходно како без срам стоиш пред сите нас, без ниту малку совест, смеејќи се со другарот твој и твојата одбрана. ,,Не, не може да е овој” – си реков, а тогаш ти седна на обвинетото столче, а јас останав вчудоневидена.



Знаеш, претходно една година, пред да започне судењето, не знаејќи го твојот лик, јас те гледав во секое момче низ улиците, низ автобусите.. Секогаш кога ќе видев некој на твојата возраст, се прашував: ,,Ова да не е тој?”.- напиша на Фејсбук пријателка на Фросина цековска, 19.годишната девојка која го загуби животот во сообраќајна несреќа во април 2015 преминувајќи пешачки на „Партизанска“ кај Универзална сала.

На сторитеот на сообраќајната несреќа деновиве му беше намалена казната на 3 години затвор.

https://www.facebook.com/yakkimovska/posts/965448096996625