По земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди западна Турција , во тек е потрага по преживеани.
Во разорниот земјотрес што го погоди Измир загинаа најмалку 25 лица, а 804 беа повредени.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,0 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар бил на 14 километри од грчкиот град Карловаси на островот Самос.






