“Во иднина повеќе со спорт отколку со политика да се занимаваат спортистите ?
??МК”
Оваа порака веднаш по мечот кој македонските ракометари го загубија против Исланд ја испрати потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.
Вториот човек во владеачката партија со пораката алудира на изјавата на Столе Стоилов кој рече дека за него не важи Северна туку само Македонија и на знакот за “Обединета Македонија” кој Борко Ристовски го прави на секое пеење на националната химна.
Предходно вториот канал на МТВ на албански јазик го бојкотираше Стоилов нарекувајќи го “играчот со број 5”.





