Потпретседателка на Европскиот парламент: Не е добар сигнал кога Македонија ја провоцира Бугарија

Потпретседателка на Европскиот парламент Евелин Регнер во интервју за бугарската телевизија ТВ Нова вели дека не е добро кога Македонија, која направила многу работи кои биле побарани од неа па дури си го сменила и името, ја провоцира Бугарија.



Австријката зборува за влезот на Бугарија во Шенген системот кој беше блокиран токму од нејзината земја.

,,Сакаме да ги отстраниме границите, а не да ставаме нови. Бугарија е дел од Европската Унија. Како што ти кажав, јас сум бранител на влезот во Шенген. Од друга страна тука е и прашањето со Македонија. Тие исполнија толку многу работи што ги побаравме од нив. Дури и го сменија името. И навистина направија многу за да ги исполнат условите. Сакам да им порачам на двете страни – Смирете се! Не е добро да се провоцирате. Не е добар сигнал кога Македонија ја провоцира Бугарија, но од друга страна можете да бидете пример и да кажете „Ајде да работиме како соседи““, вели потпретседателката на Европскиот парламент.