Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: Ако добиеме шанса Македонија ќе добие подобар договор за името

Потпретседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели дека ако договорот ао Грција не помине идната влада предводена од неговата партија ќе направи подобар дил со Атина.



“Доколку граѓаните и Собранието не го прифатат овој договор за името со Грција, идна влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го препреговара договорот и убеден сум дека ќе постигнеме подобар”, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според Николовски првиот столб на кој ќе работи идната влада се реформите кои мора да се прават а вториот е спорот за името. Тој е апсолутно убеден дека може да се постигне подобар договор од овој со Грција.

“И сум апсолутно убеден да имаше Владата поинаква преговарачка позиција, можам и да ја објаснам во кое делови, дека ќе имаше подобар договор. Прво, не може да дозволите грчката страна да ангажира 60 меѓународни експерти, пред сè адвокати по меѓународно право и експерти по меѓународно право, вие да не ангажирате ниту еден и на крај да ангажирате еден. Не може да одите јавно со тактиките со кои ќе одите во преговорите и да ги знае другата страна, не може да менувате ставови секој месец и најбитно, не може да очекувате да постигнете договор и да очекувате тој договор да ви донесе покривање на политичките проблеми дома, затоа што во такви услови другата страна, а да не ја потценуваме грчката дипломатија е многу силна, ни ги знае сите слаби страни и тука удира. Сметам дека можеме да седнеме и да го препреговараме договорот, затоа што сметам дека е и во интерес на Грција да се реши ова прашање и не можам да се согласам дека Грците немаат никаков интерес да се реши ова прашање и можеме да постигнеме апсолутно подобар договор, договор кој нема да значи промена на Уставот на Република Македонија”,вели Николовски за РСЕ.

На прашањето што значи препореговарање, Николовски вели дека тоа значи дека “една идна влада на ВМРО-ДПМНЕ би се спремила многу подобро, би ангажирала многу повеќе експерти околу себе и доколку сега не помине оваа промена на Уставот, затоа што ако помине граѓаните треба да се свесни дека работата е завршена, но доколку овој договор не е прифатен од граѓаните и од Парламентот, ние сме подготвени со оваа или со некоја друга грчка влада да преговараме и сум убеден дека ќе постигнеме подобар договор”.
Целото интервју на линкот на РСЕ