Меморандум за разбирање за развој на железничката врска Софија-Скопје меѓу Република Бугарија и Република Македонија, беше потпишан денеска од бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за транспорт и врски на Република Македонија Благој Бочварски.
Меморандумот предвидува план за развој на проектот за железница Софија-Скопје, проценка на инвестициската вредност и студија за можностите за финансирање од Европската унија и меѓународните финансиски институции се дел од задачите на заедничката група бугарски и македонски експерти.
Приоритет на работната група која ги опфаќа транспортот, инфраструктурата, локалната самоуправа и меѓуграничната соработка, соработката во областа на информатиката и комуникациите, е воспоставувањето на авионската линија Софија-Скопје и заложбата за поскоро намалување на цената на роамингот меѓу двете држави“, се вели во владиното соопштение.
Од македонската Влада информираат дека работната група што ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите, развојот, инвестициите и земјоделството, ја договорила динамиката на работа и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директната соработка во овие области.
Во третата работна група се европските интеграции, зелените политики и доброто владеење, а во неа се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Северна Македонија, како и за заедничките иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ, додоека четвртата во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот. Во неа како задача е поставено преземање на чекори од двете страни за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области,соопштија од владата.







