Пред неколку дека бил потпишан е договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, проект вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.
Градоначалничката Данела Арсовска не објави, ниту пак закажа прес-конференција за да ги соопшти деталите од договорот за овој капитален проект за градот јавува порталот СакамДаКажам.
Потпишувањето без причина се одлагаше неколку месеци.
На тендерот понуди имало од две фирми, германска и турска, а според информации на СДК договорот е склучен со германската фирма која беше подобро бодувана во текот на целата постапка што ја спроведуваше посебно формирана проектна единица.






