Потомок на 12 партизани до државниот врв: Застанете до својот народ или одете си

Скопјанецот Валентин Поповски од чие семејство 12 души во време на бугарската фашистичка окупација излегле во планина у се бореле за независна Македонија бара премиерот и шефот на државата да застанат зад својот народ и да не шетаат по носачи на авиони за да добијат налог како да се однесуваат за Македонија.



,,Претседателе Пендаровски! Не се плашете, јас не пцујам. Ама, како потомок на 12 партизани и анти-фашистички борци од моето пошироко семејство, да ви кажам дека за овие 30 години се изнаслушавме тврдења од типот “уште овој пат, македонскиот идентитет и јазик се забетонирани“, ама еве денес пак за истото зборуваме. Значи ДОСТА БЕШЕ! Соберете храброст и застанете со својот народ или одете си! НЕ значи НЕ! Доста ми е и од Бугари, и од Европска Унија и од сите други! Оставете не раат!” пишува Попоски.

Попоски има порака и до премиерот Ковачевски и министерот Османи.

,,На Османи да му објаснам дека тоа што го изјави за некакви “меѓуетнички тензии“ е кривично дело за што треба да си одговара!
Второ, што бара Ковачевски на американски носач на авиони и тоа токму денеска? Да му кажат што да прави?
Трето, нам, на Македонците ни е поважна Македонија од Европската Унија!”, пишува граѓанинот чии претци крвареле за Македонија.