Потерници по четворица за упадот во М-НАВ, еден веќе е преку граница!

Четири лица се идентификувани и познати на полицијата по упадот на М-НАВ и за истите распишани се централни потерници, дознава 4NEWS.mk



Сите полициски станици низ Македонија се информирани дека лицата се бараат поради извршено кривично дело и доколку бидат достапни треба да бидат уапсени.

Едно од бараните лица веќе ја напуштило Македонија и во моментов се наоѓа во соседна Србија, јавува порталот.

Привремено без пасоши за дело за кое минималната затворска казна е пет години

Јавен обвинител најави жалба до Основниот кривичен суд кој синоќа не одреди притвор за друтите четири лица кои се достапни на органите на прогонот, што не значи дека и тие не може да се дадат во бегство…