Потерница по поглаварот на Руската православна црква

Кирил, 77-годишниот московски патријарх, обвинет е за нарушување на територијалниот интегритет на Украина и планирање, подготвување, иницирање и спроведување агресија, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.



Патријархот Кирил, по кој е издадена потерница, важи за близок поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин. Тој како и Путин  се залага за правото на Русија да владее со соседните земји каде што живеат Руси.

Во Украина, Кирил ужива влијание врз свештенството и заедниците лојални на Московската патријаршија.

Украинското раководство се обиде да ја ограничи моќта на Црквата на непријателската земја.