Потерница по Исмет Гури, поранешен заменик директор во УЈП

Тој е осомничен за голема даночна измама, но иако му е одреден куќен притвор, потврдија извори од Обвинителството и од Кривичниот суд за Фокус.



Според информациите од Обвинителството, вчера попладне полицијата не го нашла на адресата на која ја пријавил како место на живеење.

По добиено известување дека Гури не е најден, Кривичниот суд распиша централна потерница по него.

Тој беше осомничен и уапсен во акцијата на  МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.

Ппрвостепено е осуден за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година.

Беше уапсен кога веќе беше разрешен од директорската функција во УЈП и беше близок со групата која се оддели од ДУИ и формираше партија на чело со Изет Меџити.