Граѓани на улицата Орце Николов во центарот на Скопје се жалат дека веднаш по заминувањето на политичката екипа која вчера се фалела пред јавноста со педесетина метри асфалтиран пат прекинале работите на проектот односно исчезнало “Потемкимовото село” кое вчера се случило во Скопје.

Веќе денеска, 24 часа по вчерашниот настан на улицата Орце Николов не се работи ништо, делот од улицата каде што вчера се сликаа функционерите на СДСМ сега е блокиран ниту таму има механизација.

Граѓаните се револтирани од тоа што ако веќе Заев, Шилегов и Богдановиќ сакале да направат политички поени барем да ја завршиле целата улица пред да дојдат да се сликаат на нецели стотина метри асфалтиран пат.

Граѓаните порачуваат тројцата политичари да не доаѓаат се додека не ја завршат целата улица.

Тие не можат да замислат дека Заев, Шилегов и Богдановиќ ќе прават пропагандни настани на секои педесетина метри асфалтирани патишта.

Фразата Потемкинови села се однесува на ситуација од Русија каде што во 18 век
рускиот кнез Потемкин при посетата на Катерина II на Крим ја прикривал вистинската состојба со поставени фасади.
Примери: потемкинови села
Слично со: невистинит, лажен
Како вчера се сликаа Заев, Богдановиќ и Шилегов






