Во Македонија постои сериозна опасност граѓаните да се следат со малициозен софтвер ,,Предатор” кој е произведен во земјава од фирмата Сајтрокс која е ставена на црната листа на САД.
,,Не добивме кредибилен демант дали во Македонија се следат граѓаните со ПРЕДАТОР или друг малициозен софтвер”, изјави пратеникот Александар Николовски по состанокот на собраниската комисија за надзор на работата на службите за безбедност.
Според добиените податоцо ниту една од соодветните институции во земјава МВР, АНБ, Агенцијата за разузнавање или Воена служба за безбедност немаат одговор каде се е користен и каде е продаден ПРЕДАТОРОТ кој е произведен во Скопје.
Пред околу два месеци грчки извори во владата во Атина тврдеа дека во соработка со служби за безбедност во Скопје бил подготвуван трансфер на Предатор од Македонија во Грција.
Повеќе детали во изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски
Повеќе детали за софтверот






