Во синоќешната акција на територијата на СВР Битола, санкционирани се 27 возачи под дејство на алкохол.
Кај еден од возачите „дрегерот“ пoкажал присуство од дури 4,28 промили алкохол во крвта.
Тоа за малку е повеќе од досега реекордните 4,26 промили алкохол кои на 10-ти октомври во 22:03 часот му биле измерени во крвта на возач кој бил запрен од сообраќајната полиција во Македонија.
До летово „рекорд“ држел возач фатен со 3,87 промили,што е еднакво на анестезија.







