„Џиновски крст е поставен на влезот на пазарот за стари работи во населбата Коњаре во Куманово. Веста беше споделена со различни коментари од граѓаните. Реагираше и поранешниот војник на УЧК Дритон Исени преку фејсбук: ‘Немојте да провоцирате со овие крстови, на погрешна адреса го правите тоа, и 50 нема да не спречат! Општински советници, дајте ни отчет: на чија парцела е поставен крстот?“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Во својата информација ИНАдополнува: „Каква имаше потреба да се постави овој крст на влезот на пазарот на стари работи во Куманово?! Кој го поставил? На кој имот и со чија дозвола е поставен овој крст? Дали Општината дала дозвола за нејзино поставување и со чии пари е поставен тој?“ – напиша на општествената мрежа поранешниот општински советник Осама Муадини.





