Агенцијатa за медиуми ќе поведе постапка против 1ТВ бидејќи беше обелоденето дека мајката на Бојан Јовановски, Јасмина, добила државна функција како член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, пишува Макфакс.



Според член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност, ниту да бидат основачи, соосновачи или да добиваат учество во сопственоста на радиодифузерите“.

Во случајот сопственик на телевизијата 1ТВ, според податоците од Централниот регистар, е фирмата „БМЈ медија груп“, а директор е Јасна Мандиќ. Сопственици на „БМЈ медија груп“ се Јасна Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Во овој случај или Јовановски како сопруг на Јасминка Јовановска треба да се откаже од сопствеништвото во телевизијата или таа да се откаже од јавната функција, пишува Макфакс.