Посравте едно народно востание пред осум години и сега треба да ги оставите душите на борците на мира е пораката од ,,востаникот” во таканаречената ,,Шарена револуција” Ивор Мицковски до СДСМ откако партијата почна да објавува патриотски пораки за 11 Октомври.
Новинарот и политички аналитичар е учесник во Шарената револуција која СДСМ ја искористи за да дојде на власт по што земјата влезе во уште поголема криза.
Сега СДСМ на денот на востанието ги користи зборовите непокор и слобода.
Мицковски упатува индиректна порака до СДСМ дека нема право да зборува за вистинските борци кои пред 83 години почнале борба за слобода затоа што власта сега промовира протекторат.
,,Присвоивте и посравте вие едно народно востание пред 8 години, оставете ги душите и подвизите на вистинските борци на раат.
Ни непокор, ни слобода со криминалци и промотори на вечен протекторат”, пишува Мицковски.






