Последна анкета за рејтингот на политичките партии и лидерите

Во емисијата „Oбјектив“ во четврток, 20:15 часот на МТВ1 по повод актуелната тема – парламентарни избори во државата, ќе бидат објавени целосните истражувања околу предизборниот рејтинг на политичките партии по објавувањето на коалициите, кои ги изврши Институтот за политички истражувања – ИПИС.



Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ е во водство со околу 2,6 % пред коалицијата СДСМ-БЕСА на ниво на цела држава.

Во категоријата лидери со најголема доверба Зоран Заев води со само 0,3 % предност пред Христијан Мицкоски.

Во регионите со доминантно македонско население во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ а во мешаните средини или со доминантно албанско население води
коалицијата СДСМ/БЕСА.