Денеска е последниот ден првиот и третиот осомничен во случајот „Рекет“ да направат уште еден увид во доказите за предметот по што, како што е најавено, обвинителката Вилма Русковска ќе покрене обвинение.
Бојан Јовановски и Катица Јанева досега не дале исказ, за разлика од второобвинетиот Заоран Милески – Кичеец кој даде исказ, но тој не им е презентиран на другите двајца обвинети.
По ова на Кичеец му беше одредена мерка домашен привор, а Јанева и Боки 13 остануваат во„Шутка“.
За случајот кој со месеци се шпекулираше дека има вмешани и други лица, како осомниченои остануваат само овие тројца.





