Поскапуваат и цигарите

За 5 до 10 денари поскапуваат цигарите, откако стапија на сила измените во Законот за акцизи донесен во октомври минатата година, кои предвидуваат цигарите и сите тутунски производи, пури, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе се зголемуваат од 2 до 5 денари секој први јануари до 2030-та година.



Владата овие измени ги правдаше со усогласување со европската регулатива, а на овој начин ќе се бори да го дестимулира пушењето како и дополнително да го полни буџетот.

Според пресметките, по овој основ годинава државната каса треба да биде потешка за околу 17 милиони евра.