Поскапуваат дизелот, бензините, маслото за домакинство, мазутот

Од вечерва по полноќ за половина денар за литар ќе се покачи цената на бензинот од 95 октани како и на дизел горивото.



Цената на бензинот од 98 октани се зголемува за 1 денар за литар, додека нафтата за домаќинствата поскапува за 1,5 денари. Се зголемува и цената на мазутот, одлучи Регулаторната комисија.

Максималните цени на нафтените деривати во малопродажбата ќе изнесуваат:о

Моторен бензин Еуросупер БС – 95         82,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС  -98         84,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)        77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                         42,262 (денари/килограм)