Поскапеле материјалите! Еве зошто се бара поскапување на парното

Компаниите на ЕСМ кои бараат поскапување на цената на парно греењето тоа го правдаат со поскапените материјали и опрема за работа на глобално ниво, објаснува Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, во разговор за Блумберг Адрија.



ЕСМ Дистрибуција до РКЕ ќе достави барање за повисока цена за 50 отсто, ЕСМ Снабдување бара поскапување за 54,2 проценти, а ЕСМ Производство – намалување за 29,42 %.

„Факт е дека има одредени трошоци во однос на материјалите, во однос на опремата, што се должи пред се на глобалното зголемување на цените не само во Македонија, туку насекаде низ Европа.

Во овој момент ги разгледуваме барањата, а дополнително она што влијае на зголемувањето нацената е тоа што сега треба да ги признаеме оние трошоци за природен гас од јануари 2022, рече Бислимовски.

Тој додаде дека комисијата ќе бара решение да нема ценовен шок за топлинската енергија.