Поскапеа за 10 отсто, но во кафеаните и кафулињата нема место ни игла да се фрли

Цените во кафаните и кафулињата поскапи за речиси 10%. Во однос на целата 2023 година ако се земе кумулативно споредбено со цела 2022 година тогаш цените се зголемени за 9.8% додека само за месец декември исто така споредбено со 2022 година зголемени се за 4.3% Цените на угостителските услуги за само еден месец, односно за перидот ноември-декември 2023 година поскапеле 0.5% соопшти Државниот завод за статистика.



Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %. Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %