Синдикатот на Македонска пошта бара генералниот директор да ја преиспита и стопира одлуката за распишување јавен оглас за вработување на 31 административен работник поради, поради лошата финансиска состојба со која се доведува во ризик обезбедувањето на редовна плата за вработените.
-Во овие моменти на сериозна финансиска криза на друштвото, кога вработените во Пошта стравуваат за зачувување на своите работни места и егзистенција на своите семејства, предизвикани од лошата финансиска состојба на Друштвото како последица на намалените приходи и проблемите со кои се соочуваме во организација на работењето, генералниот директор на Пошта на РСМ распишува јавен оглас за нови вработувања во администрација објавен во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ во изданијата од 16.02.2023, велат во соопштение од Синдикатот на Македонска пошта.
Потенцираат дека од ден на ден загриженоста и неизвесноста кај вработените е се поголема, особено попради неизвесноста за редовна исплата на плата во законски рок во нареден период.
„И покрај тоа се распишува оглас за нови вработувања и тоа во админстрација каде што има превработеност а тие работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување. Сето ова е крајно несериозно и дополнително ја загрозува иднината и егзистенцијата на над 2.000 вработени, посочува Синдикатот.
Иако огласот е расдпишан за „пополнување на испразнети работно места, од Синдикатот велат дека тоа може да се среди со внатрешна прераспределба и од сегашните вработени.
„Имено, посочените испразнети работни места за кои е распишан јавен оглас може да се пополнат со внатрешно прераспоредување на постоечките кадри имајќи го во предвид фактот дека во администрацијата на Друштвото има превработеност и ова е добра прилика да се направи внатрешно прераспоредување согласно нивниот работен стаж, образование, искуство и квалификации, се со цел за поголема продуктивност и ефикасност во работењето, наведува Синдикатот и реагира дека раководството не спровело постапка за информирање и консултирање со синдикатите за ова прашање и оти постапката е спроведена спротивно на Законот за работни односи, конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ за информирање и консултирање.
Од Синдикатот на Македонска пошта и вработените, со ова соопштение го повикуваат Генералниот директор да ја преиспита одлуката за распишување јавен оглас за вработување на нови триесет и еден административни работници, и истата да се стопира.






