Пошта не избра нова банка – пензионерите кои не ги префрлиле сметките од Еуроистандард ќе почекаат


Пошта на Макеоднија се уште не избра нова банка која ќе го земе бизнисот за платниот промет и шалтерите на пошта.



Додека не се случи, тоа пензионерите од руралните средини на кои пошта, која имаше договор со Еуростандард,  им ја доставува пензијата ќе мора да почекаат се додека не се склучи спогодба со друга банка. 

Од понеделник почнуваат со исплата на пензии која ќе се врши во четири групи, но се уште има клиенти кои не си ги префрлиле сметките од пропаднатата Еуростандард банка. 

Според ПИОМ, на крајот на августнешто помалку од 15.000 пензионери немале отворено сметка во нова банка преку која треба да ја земат августовската пензија навреме, откако Еуростандард ја загуби лиценцата за работа. 

Тие имаа рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка за да ја добијат августовската пензија, дознава Фактор според кој нема информација колку го сториле тоа. 

Повеќе