Ова го порача министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој најавидека дека од утре, 1 мај, Државниот пазарен инспекторат ќе се врши контроли на терен за да се види дали по завршување на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производите.
Ако се утврди дека маркетите се однесуваат девијантно во и енормно ги зголемат цените, како што рече, ќе бидат воведени поригорозни мерки.
Денеска истекува владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо. Владината одлука за оганичени маржи беше донесена во февруари годинава со траење до денеска.
Според министерот Дурмиши, мерката дала позитивен резулатат бидејќи, повикувајќи се на офиијални податоци, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалоци, односно намалување на цените. Податоците за април, исто така, како што рече, укажуваат на намалување на цените на храната и пијалаците.





