Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ предлага 4 локации за сместување на Авганистанци

Во вжештената дебата за прифатот на луѓето кои бегаат од одмаздата на Талибанците и кои ќе престојуваат во Македонија со ироничен коментар кој има за цел да проговори за начинот на живот на дел ид владеачките високи функционери се јави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.



Тој предлага дел од Авганистанците да се сместат во вилите на Шеќеринска, Шилегов, Царовска и Коста Костадинов.

“Предлог- сместувачки капацитети за 400 бегалци од Авганистан.

-Вила Рада Ш, Маврово;
-Вила Петре Ш, Маврово;
-Вила Мила Ц, Пониква.

Во најава е и капацитетот Вила Манулач К, Суви Лаки, Струмичко.

Со нови информации се јавуваме наскоро”, пишува Стоилковски во ироничниот пост.

За постоење на овие вили јавноста не знаеше многу пред споменатите функционери на СДСМ да дојдат на власт во 2017 година.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159193930710499&id=542940498