Портпаролот на Владата најави 1 до 5 години затвор за бојкот на пописот

Портпаролот на Владата, поранешниот новинар на МТВ Душко Арсовски денеска го спореди кривичното дело организирање отпор со бојкотирање или повик на бојкот на пописот.



“Учеството во #Попис21 е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик”, објави портпаролот на Владата.

Арсовски зборува за затворски казни од 1 до 5 години.

“Ако, поради делото не е спроведено или е значително отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка или ако делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до 5 години”, порачува Арсовски објавувајќи ги високите затворски казни за тие што повикуваат или го бојкотираат пописот.