Помина еден час откако на Твитер од портпаролот на град Скопје Валон Салиху беше побарано да демантира дека градоначалникот на Скопје не е во Скопје туку на одмор во Хрватска но досега нема таков демант.
Според Твитерџиите кои го тагираат Салиху градоначалникот на Скопје Шилегов не е во Скопје додека градот и земјата се соочуваат со пожари.
Според нив Шилегов е во Хрватска на имотот на Љубе Бошковски.
Вила “Лав”, еве @salihu_valon нека демантира дека Шилегов не е таму.
— Демир (@Trollowsky) August 5, 2021
Паралелно со можното отсуство на Шилегов од Македонија молчи и МВР од каде нема реакција за информациите дека министерот Оливер Спасовски не е во земјава затоа што заминал на одмор.






