Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски ги прогласи сите луѓе кои од разни причини се противат на користење на вакцини за функционално неписмени.
“Кога бевме мали родителите ни викаа ,,не го гали кучето, може не е вакцинирано”. Години подоцна се појавија овие антиваксери кои само поради својата функционална неписменост, општо незадоволство и изразена себичност, во опасност го ставаат јавното здравје. Можете да ги најдете на фејсбук, кладилници, на ладно макијато во маалската бензинска пумпа, салон на нокти Верче Ројал Екслузив и за жал во политички партии. Дечки, нашето право на здравје е многу повредно од вашата желба за избор на работи кои не ги разбирате. Нема да ги разберете ни догодина. Тоа што до сега не сфативте како функционира природата и колку е сурова, не смее да биде причина други тоа со живот да го платат. Не живееме во изолирани пештери, туку во заедници каде грижата за себе е и грижа за другиот”, вели портпаролот на Министерството за правда и еден од најблиските соработници на министерот за правда Бојан Маричиќ.






