Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска прогласува огромен демократски исчекор и тврди дека Македонија е демократска и слободна земја врз основа на тоа што вчера за време на митингот на ВМРО-ДПМНЕ МВР не запирало автобуси со демонстранти и не ги носело на технички преглед.

,,Опозициската ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа протест без ниту еден автобус да биде сопрен, пратен на технички преглед, без закани и притисоци. Без црвени кругови! Без контра протести, без полициска бруталност! Така изгледа слободата за која се бореше и ја донесе СДСМ заедно со сите слободоумни граѓани, борци против режим!
Тоа што ДПМНЕ вечерва се собра пред Влада во малку поширок состав од Централниот Комитет е друга тема. Бројките се нивна мака. Но, јас вечерва сум горда на слободата за која се боревме!
Режим никогаш повеќе!”, пишува Кузевска која не ги коментира поплаките на Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) кои се жалат дека непотребно бил ангажиран целиот полициски состав само за да не можат полицајци да учествуваат на сенародниот протест.
Дел од реакцијата на ДПМ:
Да го запрашаме нашиот Министер денес:
Дали тоа Вие ги повторувате тие постапки, господине Спасовски?
Дали денес не живееме во демократска држава?
Дали секој, па и полицаецот првенствено како граѓанин, има право да протестира?
Дали Вие го спроведувате она за што бевте категорични дека е “полициска држава” против сопствениот народ?
Дали и Вие ги користите човечките ресурси во МВР за ситнопартиски потреби?
И најважно-Кого ќе го браниме од сопствениот народ?
Со измените на Колективниот договор – оној Ваш ЕВРОПСКИ, заедно со вашите привезоци од МПС, ЗАБРАНИВТЕ исплата на повеќе од 32 часа прекувремена работа. Преќутно забранивте прекувремено ангажирање на работниците во МВР ( освен на полтрони и послушници ). Но, за чудо, во последните 24 часа, успеавте да го ангажирате целокупниот состав на Министерството, заедно со вработени на кои не им е задача теренската работа. За такво ангажирање треба да има било каква вонредна состојба или недајбоже, кризна состојба.
Дали со ова тврдите дека протестот е порамнет со вонредна или кризна состојба?
Имајте на ум дека ги користите човечките ресурси во МВР- полицајците и останатите вработени , на начин кој Вие самиот го осудувавте и против кој се боревте пред само неколку години. Господине министер, МВР не е лична-ТВОЈА своина. МВР и припадниците се на народот, сервис на граѓаните, помош и подршка на секој граѓанин. Точно е тоа дека секој протест, во какви и да е размери, мора да се обезбедува! Тоа е должност на МВР.
Но да се ангажира, народски речено „СЕ ЖИВО И ДИВО“, за само 24 часа? Зарем треба да помислиме дека се повторува 2001-ва или 2015-та⁉️⁉️⁉️
Вака ли Ви е во план да изградите професионална и задоволна полиција, задоволни граѓани???
Да не користите само како средство, а не да не третирате како полицајци??? Ова ли е за вас извршна власт, господине министер Спасовски???
Ова е само мал дел од причините заради кои СПМ како Синдикат го поддржува денешниот СЕНАРОДЕН ПРОТЕСТ. Како припадници на МВР сме крајно незадоволни од Вашиот однос кон нас, Вашата работа во однос на работникот, Вашата негрижа за вработените ( повторно ги исклучуваме послушниците и полтроните кои и онака не припаѓаат во МВР”, се вели во реакцијата на СПМ
Кузеска не не открива ниту чии се дроновите со кои власта ги снимала демонстрантите од високо пред владата.
Таа не кажува дали дроновите се на МВР и се злоупотребени од страна на власта за да ги манипулира граѓаните.
СДСМ и медиумите блиски на неа фотографиите од овие дронови снимени пред почетокот на протестот на ВМРО-ДПМНЕ ги објавуваат со цел да прикажат дека митингот бил неуспешен.






