Портпарол на Орбан одговори на прозивката од Хан

Золтан Ковач, портпарол на кабинетот на унгарскиот премиер , денска експресно му одговори на еврокомесарот Јоханес хан, кој го прозва Виктор Орбан и побара „гласно“ објаснување за азилот на Никола Груевски.



„Прочитајте го вашиот извештај од март 2018 година за ‘ризиците од политичко влијание врз судството во Македонија’ , исто така погледнете го извештајот за состојбата во затворите од октомври 2017“ , му напиша Ковач на Хан на Твитер.

Во извештајот, имено, се вели дека „потребни се понатамошни напори за да се надминат последиците од минатото и да се гарантира целосна независност на судството во пракса“.

Хан, побара објаснување од премиерот Виктор Орбан на која основа бил даден азилот .

Хан бара „гласно“ објаснување од Орбан за азилот на Груевски