Порталот НОВАТВ на Борјан Јовановски го прекршил кодексот на новинарите

Советот за етика во медиумите го осудил порталот НОВА ТВ за прекршување на новинарскиот кодекс.



Според СЕММ порталот што го уредуваат Борјан Јовановски и Билјана Секуловска прекршил членови од кодексот на новинарите на Макеоднија и известувал тенденциозно без да се држи до правилата на ЗНМ.

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по примената жалбa од главната уредничка во Алфа ТВ, Искра Коровешовска, донесе одлука дека интернет – порталот „Нова ТВ“, со текстот насловен „Пропагандната машина финансирана од Унгарија, инспирација за нова герила акција“, го прекршил Кодексот на новинарите во членовите 1 и 13.

Во жалбата од Алфа ТВ било наведено дека текстот содржи мешање на факти и мислење, вест и коментар, говор на омраза, дискриминација, пристрасност и неурамнотеженост во информирањето и незастапена втора страна.

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапила во контакт со интернет – порталот „Нова ТВ“ и побарала да се изјасни по однос на наводите на жалбата.

Медиумот предводен од Борјан Јовановски меѓутоа, не одговорил на наводите на жалбата, пренесува Алфа ТВ.

Уредникот и сопственик на порталот Борјан Јовановски пред неколку дена беше единствениот новинар на фотографијата која лидерот на СДСМ Зоран Заев ја објави од одмор кој што го минува во Преспа.

Во какво својство бил Јовановски на ручекот со Заев и неговата сопруга досега не прецизираа ниту СДСМ ниту новинарот.

Предходно слично на новатв.мк на Јовановски и лидерот на СДСМ Заев и неговата партија во повеќе наврати ја напаѓаа ТВ Алфа со слични аргументи како тие од текстот кој го осуди СЕММ.

Целата информација со образложението на пресудата на следниов линк