Порталот близок на Артан Груби се повлече од тврдењето дека Мицкоски имал скриен имот од милион евра

Порталот кој тврдеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски имал скриен имот а кој го водел вработен во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби се повлече од тврдењето објавено денеска на социјалните мрежи.



Откако порталот го обвини Мицкоски дека имал скриен имот а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара извинување сајтот Indeks.mk со реакција во која се повлекува од лажното тврдењето.

Повлекувањето на порталот кој го води близок на Артан Груби доаѓа по демантот на Мицкоски:

,,Денес е прочка голем празник, ден кога простуваме и бараме да ни простат ако нешто сме погрешиле изминатата година.

ДУИ нареди, а СДСМ исполни. Кога не можат поинаку, одлучија со брутални невистини повторно да ја нападнат мојата чест, честа на моето семејство, но и честа на семејството на мојата сестра. Семејниот дом на семејството на мојот зет, сестра и внука, создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит да го претстават како мој скриен имот. Ниту сум купил, ниту поседувам скриен имот.

Денес е прочка и јас им простувам за ова што ми го прават мене и на моето семејство и затоа имаат 24 часа медиумите блиски на ДУИ (лице вработено во кабинетот на Артан Груби) и СДСМ (Џабир Дерала) да ми се извинат за лагите кои ги објавија, а доколку тоа не го сторат ќе ја барам правдата преку судски процес.

Јас не сум ниту премиер, ниту вицепремиер, ниту министер, ниту директор, ниту вршител на јавна функција. Претседател сум на најголемата политичка партија во Македонија и вработен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како редовен професор. Ја повикувам Сања Лукаревска јавно да ги објави сите мои даночни пријави како директор на Управата за јавни приходи, ги повикувам Оливер Спасовски и обвинителот на ДУИ Ислам Абази веднаш да го проверат целиот мој имот и имотот на моето семејство и доколку констатираат нешто што не е согласно закон веднаш да ме приведат. Затоа што набргу од денес крајот на криминалците во политиката ќе биде пеколен, јас ви ветувам”, напиша Мицкоски по следуваше и одговорот од порталот близок на Груби од каде во реакцијата дадоа појаснување во врска со случајот „Мицкоски“ и сега објавуваат дека Индекс.мк не констатирал ништо туку преместил туѓи изјави.

,,По јавната реакција и „заканата“ од г. Христијан Мицкоски дека ќе го тужи порталот indeks.mk по „хроника“ за куќите и вистината за милионите, сметаме дека е потребно да се реагира и да се разјасни вистината во јавноста.

Нашата редакција, indeks.mk, во ниту еден момент во текот на хрониката не констатираше ништо освен што ги пренесе информациите кои нашиот колега новинар, г. Александар Митовски од infomax.mk и други македонски колеги ги пишуваа во медиумите, како и тоа што пишува во документот обезбеден онлајн, од Агенцијата за катастар.

Нашата репортажа доаѓа речиси една недела по изјавата на колегата Митовски, која не беше демантирана ниту од вас, г. Мицкоски, ниту од страната на ВМРО ДПМНЕ.

На следниот линк можете да ја проследите и изјавата на господинот Митовски, изјава со која ја започнавме нашата хроника, за која не апострофирате како медиум”, стои во изјавата со која порталот близок на Груби се повлекува од објавеното.

Мицкоски досега не добил реакција од медиумите блиски на СДСМ кој тој ги поврзува со Џабир Дерала кои ја пренесоа сторијата на порталот близок на Груби.