Портали блиски на СДСМ тврдат дека пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави во Собранието да гласа за својата иницијатива го чуваат агенти на Агенцијата за национална безбедност или АНБ.
Порталот на Саше Ивановски објавува дека пратеникот е на непозната локација каде го чува армија полицајци.
“Мактел дознава дека тој со своето семејство на негово барање е склонет на безбедна локација затоа што се очекува да добие смртни закани од активисти на Алијанса и Беса а особено од ВМРО ДПМНЕ. Дознаваме дека го штитат полицајци и агенти на АНБ”, јавува порталот.
Засега во обвинителството нема никаква активност поврзана со овој случај.
Шефот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, кој нема вакви ингеренции опишани во текстот не го демантира порталот близок на СДСМ.





