„Порталб“: „Во Тетово ниеден починат од ковид во последните 24 часа“

„Во последно време Тетово беше еден од градовите во Македонија најпогоден од коронавирусот. Сепак, според здравствените власти, ситуацијата се подобрува. По три недели не починал ниту еден пациент во последните 24 часа. Моментно во болница се сместени 84 пациенти. Тие се наоѓаат во тешка здравствена состојба.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Порталот пишува: „Во последните 24 часа во Тетово имало 9 нови приеми во болница, 13 отпуштања и 135 амбулантни контроли. Докторката Миранда Пајазити вели за ‘Порталб’ дека ‘свеста на граѓаните е зголемена’ и оти ‘тие се пријавуваат во амбулантите во фаза на рани симптоми’. Од пациентите сместени во болницата 82 пациенти се на кислородна терапија“

„Состојбата се подобрува, но пациентите што се во болницата и натаму се во тешка здравствена состојба. Свеста кај граѓаните е на повисоко рамниште, бидејќи доаѓаат заради контрола откако ќе пројават рани симптоми на болеста. Не доаѓаат во крајната фаза, бидејќи виделе оти мнозинството од смртни случаи уследиле откако таквите заболени дошле кога веќе не можеле да се лекуваат според протоколите, кога ниедна терапија повеќе не можела да влијае врз нивната состојба. – нагласи д-р Миранда Пајазити“ – објави „Порталб“ во својата информација.

Извор: https://portalb.mk/760227-tetove-pas-tre-javesh-asnje-i-vdekur-nga-covid-19/