Порталб.мк“: „Градоначалникот на Тетово Касами поднесе тужба, поради купување 20 мобилни телефони вредни по 1000 евра“

„Градоначалникот на Тетово Билал Касами изјави дека претходното раководство на општината злоупотребило јавни фондови, купувајќи телефони кои чинат по илјада евра. Поради ова, Касами рече дека поднел тужба до Обвинителството. Од Обвинителството за ‘Порталб.мк’ потврдија дека тужбата веќе стигнала до нив, додека Арифи негира такво нешто, сметајќи го за неосновани инсинуации.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Порталб.мк“.

„Порталб.мк“ пишува: „Билал Касами објави дека поднеле тужба до Обвинителството за набавка на телефони Ајфон и Самсунг, со што е оштетен буџетот на Општината. ‘Најголем апсурд е што 20 телефони од по 1000 евра раздало претходното раководство за нив и нивните семејства. За ова е поднесена тужба.’ – рече Касами.“



„На прашањето дали телефоните се пронајдени каде се, Касами одговори: ‘Да, секако, ги имаме идентификувано и побаравме од обвинителството и полицијата да ги вратат во Општина Тетово. Ајфон и Самсунг се телефони, кои чинат најмалку по 1000 евра. Буџетот на општината е оштетен со вакви случаи“.

„Од Основното јавно обвинителство за ‘Порталб.мк’ потврдија дека ваква тужба е поднесена до нив, не соопштувајќи повеќе детали.’Општина Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против непознати сторители, бидејќи наведените мобилни телефони, кои ги користеле вработените во општината, не се вратени. Обвинителството ги проверува наводите во пријавата.’ – објаснуваат од Обвинителството.

„Вчеравечер на прашање од ТВ21 поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи рече дека во овој случај се работи за неосновани инсинуации, без елементи. Арифи го одбегна конкретниот одговор и не коментираше за други детали. ‘Телефони, кои телефони? Какви телефони? Јас не сум телефонски оператор. Ако Касами решил да ме прави телефонист и да се занимава со телефони, не ми пречи, но ова е начинот како тој одбрал да ја води општината. Сите обвинувања што ми ги упатува Касами се целосно неосновани, немаат ниту правна ниту човечка основа.’ – кажа Теута Арифи.“