Еден од порталите на медиумскиот тајкун Џабир Дерала бара извинување за навреда на искубени веѓи на нивниот колумнист Ненад Јовановиќ.
Коментирајќи на колумна на Јовановиќ лидерот на движењето Македонски концепт Петар Богојески прашува зошто веѓите на Јовановиќ се искубани и дали на Бихаќка (седиште на СДСМ) има некакво пореметување.
На ова реагира порталот Цивил Медија
,,Петар Богојески – Petar Bogojeski крајно невкусно, непристојно и грдо е ваквото коментирање. Треба да се извините”, побара Порталот.
Во одговорот Богојески вели дека сретнал четворица луѓе од СДСМ на кои веѓите им биле искубани на сличен начин.
,,Civil MK таман работа! Неџо е другарче, не му мислиме лошо. Ама денес сретнав три четворица од бихачка, сите истото со веѓите”, одговара Богојески.
Засега нема најава од Цивил дека согласно Законот за граѓанска одговорност Богојески ако не се извини ќе се соочи со тужба за тврдењето дека колумнистот на Цивил на Дерала си ги кубе веѓите.
Преходно друг портал на Дерала, Фронтлајн беше жив фатен како спонзорира и шири пропаганда контра ВМРО-ДПМНЕ преку политички профил на Фејсбук на што порталот реагираше дека некој го злоупотребил нивниот редакциски број.
Ненад Јовановиќ е познат по јавното признание дека барал СДСМ да ја вработи неговата сопруга по што таа била вработена во државна енергетска компанија.
Последни вести
Ќе биде ли ВМРО-ДПМНЕ обвинето за пропустите на Ковачевски и неговите министри
Најчитани статии
Можел да убие десетици луѓе
МВР на Спасовски со месеци не апси пријавен човек што пука со калашњиков (ВИДЕО)





