Порошенко: Никој не знае каде ќе застане Русија

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко изјави дека „никој не знае каде Русија ќе застане ако влезе во војна против неговата земја“.



Порошенко, кој ја водеше Украина од 2014 до 2019 година, изјави за Sky News дека тоа ќе биде „целосна војна“ и дека таквата војна потенцијално може да се прошири низ целиот континент.

„Ова не е украинска криза, ова е руска агресија. Никој не знае каде ќе застане Русија. Путин има имагинација на офицер на КГБ“, рече Порошенко.

„Никој не знае кој би можел да биде утре – Полска, балтичките земји, Чешка или Романија и Бугарија“, рече Порошенко.