Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека Македонија ги блокирала плановите на Москва за дестабилизација на Балканот.



„Балканската земја помина тежок пат за да го реши проблемот со Грција. Таа успеа да го реши проблемот со името. Македонците го потпишаа Протоколот за пристапување во НАТО. Така нивните напори беа успешни. Македонија ги сопре руските планови за дестабилизација на Балканот“, рече Порошенко.

Украинскиот парламент усвои закон во кој е вклучена програмата за членство на ЕУ и НАТО во уставот на земјата.